Везилка

04.12.2020 19:10

На кошулата црвени и зелени
гранчиња и стебленца се извезени.
На гранчињата цвеќе цвета:
цвеќето го извезла малата Цвета.

И вратот кошулата го гушка
со: шебој, зумбул, темјанушка.
И тоа цвеќе везено од Цвета
на кошулата сега цвета.

Сите кошули и ракави
полни се со лалиња лилави,
оти кога везе малата Цвета
секакво цвеќе насекаде цвета.

 

Превод: П. В.

Божидар Тимотиевиќ (Божидар Тимотијевић, 1932-2000) - српски книжевник, поет, новинар и уредник.

Во 1958 ја објавил својата прва книга, „Велики спавач“. За време на студирањето, заедно са Бранко Миљковиќ и Жика Лазиќ основал неосимболистичка група. Потоа бил уредник и новинар на разни списанија, меѓу кои и на култното списание за деца „Полетарац“ (постара серија, 1966-1969).

Работел како новинар, а на радио во седумдесеттите години ја покренал акцијата „Книга на солидарноста“. Донатори давале книги кои потоа биле насочувани кон сиромашни училишта по провинцијата. На тој начин биле собрани два милиони книги.

Цели 25 години неговите буквари и читанки биле официјални учебници во Србија.

Автор е на текстот на славната песна „Девојко мала“.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото