Не е точно дека жените не биле сериозни ловци

17.12.2020 17:30
Не е точно дека жените не биле сериозни ловци

 

Откритието на женски скелет стар девет илјади години, погребан со нешто што археолозите го нарекуваат „опрема за лов на покрупен дивеч“ во перуанските Анди ја доведува во прашање широко прифатената теорија: дека мажите ловеле а жените собирале.

Ренди Хас и неговите колеги заклучиле, во трудот неодамна објавен во списанието Silence Advances, дека оваа млада жена одела во лов на викуњи (вид дива лама) и на елени заедно со остатокот од племето, и дека главно се хранела со месото на тие животни.

Но Хас и неговите колеги отишле чекор подалеку во разгледувањето на „поделбата на работата“ во овој период во Америка. Тие наведуваат дека дополнителните истражувања покажуваат дека двата пола речиси еднакво учествувале во ловот. Заклучуваат дека „жените во Америка биле ловци на крупен дивеч“.

Некои други истражувачи не се сложувааат. Според нив, ова навистина се остатоци од жени ловци, но дека тезата на Хас е прилично исфорсирана.

Роберт Кели, антрополог од Универзитетот Вајоминг, кој објавил неколку големи научни трудови за собирачите, вели дека оваа жена можеби и била ловец, но не е убеден дека начинот на кој е погребана покажува дека „мажите и жените ловци биле практично изедначении“. Примерокот од гробот е премногу мал, вели, и додава дека никаде на друго место не се забележани само жени со опрема за крупен дивеч.

Во повеќето модерни општества на ловци-собирачи, вели Хас, ловци се главно мажи. Археолошките докази го поддржуваат заклучокот дека и во минатото родовите улоги биле слични на ова што го гледаме денес.

Повремено би биле најдени остатоци од жени, заедно со материјали кои сугерирале дека можеби тие исто така учествувале во лов, но тоа биле повеќе исклучоци кои го потврдувале правилото. Но што ако не е така, се прашува др. Ренди Хас, и што ако сега мораме целосно да го измениме целиот дискурс за ловот.

Неговиот тим пронашол гробница со млада жена опремена за лов на пронаоѓалиште по име Виламаја Патја на југот од Петра. Таму, пред две години др. Хас и колегите откиле околу 20 000 артефакти. Утврдиле дека имало вкупно пет гробници, со остатоци на шестмина луѓе, од кои една била жена. Еден соработник редовно наидувал на алати од камен.

Тоа лице, именувана WMP6, била жена, на возраст помеѓу 17 и 19 години. Нејзините коски бле полесни од она што би се очекувало и отколку што би биле кога би се работело за маж, а истражувањето на протеини во остатоците од нејзините заби, што е релативно нова техника за утврдување на полот, покажало дека дефинитивно се работи за жена.

Др. Хас потоа ги прегледал податоците за 429 гробници во Јужна и Северна Америка, кои настанале пред помеѓу 14000 и 8000 години, и идентификувал 27 лица чиј пол бил дефинитивно утврден, а кои бие опремени за лов на крупен дивеч.

Неговиот тим е свесен дека не може да се донесе дефинитивен заклучок за погребаните лица и дека единственото лице кое сигурно била жена и ловец е онаа од Вилајама Патја. Но доказите уптуваат дека жените сочинувале помеѓу триесет и педесет проценти од ловците.

Извор: Le monde diplomatique

ОкоБоли главаВицФото