Македонец прелажал корона

09.08.2021 17:03
Македонец прелажал корона

   

Македонец прелажал корона.

 

Македонија е ветерница на струја.

 

Македонија е покажувачница со прст.

 

Македонија е тартуфи со кечап и мајонез.

 

Ако ништо друго, Македонија излегува на тераса.

 

Скопје е сѐ повеќе во Македонија. Ќе се исели кајдае.

 

 

Ако доволно скролаш под статусите на министрите и владата, ќе стигнеш до дното на Македонија.

 

Ја покрадоа државата ни криви ни дужни.

 

Сака да е главно, нејќе да е одговорно.

 

Речитост без емпатија е гласноговорништво.

 

Усул овде више не станује.

 

Ако сите замижиме пред криминалот, може да сонуваме за убава иднина.

 

 

Историјата се покорува.

 

Учителке историјата се повторува, па ќе почнам одново.

 

Од егзистенцијална криза никако да културиме.

 

Ништо не е описменето, шушка молика.

 

Ако сите ги отвориме умовите ќе направиме промаја.

 

А потоа отпорот се ситни и се додава во салатата од држава.

 

Не го локализиравме пожарот оти сме космополити.

 

Решение е магистрирано чаре.

 

 

Колажи: Joseba Elorza

 

ОкоБоли главаВицФото