Уфрли слика, па барај

29.06.2011 12:19
Уфрли слика, па барај

Пребарувањето на неизбежниот Google деновиве се здоби со нова, корисна, но и малку контроверзна димензија. Тимот на еден од најмоќните светски брендови објави нова апликација на својот пребарувач која подразбира потрага со слики.

Како што истакнуваат во своето презентациско видео: ако сликата вреди илјада зборови, зарем не би било прекрасно своето пребарување на Google да го започнете токму со слика? Search by image е новост на Google која ви пружа можност во празното поле на шарениот пребарувач да „довлечете“ некоја ваша фотографија и да најдете што се наоѓа на неа.

За почеток, пребарувањето со оваа апликација е ограничено на некој начин, па пребарувачот точните резултати ќе ви ги прикаже како бројни светски дестинации, уметнички дела и животински видови. Но, веруваме дека можноста за пребарување набрзо ќе се подобри, што нè радува, но и нè застрашува.

Имено, пред некое време низ интернет се проширија предупредувањата за загрижувачките можности на Фејсбук кој автоматски ги препознава вашите пријатели, односно луѓето на вашите фотографии кои претходно се тагирани. Стручњаците советуваат да ја укинете оваа можност за да му оневозможите на Фејсбук да „знае“ кој е кој. Фактот дека Фејсбук ги памти луѓето, а од друга страна Гугл нуди можност за пребарување според фотографии, во некој облик во блиска иднина согирно ќе значи дека ќе можете да уфрлите некоја фотографија на Гугл, а пребарувачот ќе ви одговори за кој станува збор.

Застрашувачки?! Нам – да!

Your browser is not able to display this multimedia content.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото