Хаг: Новата статуа на Големите уши

07.12.2011 15:13
Хаг: Новата статуа на Големите уши

- Што очекувате од Хаг, господине Тричковски – ќе пресудат ли во наша корист или Овада и другарите ќе им дадат предност на Грците – ме прашаа во неделата навечер смртно загрижените пријатели на Фејсбук.

- Ме боли курот – им одговорив кратко и јасно, можеби, малку тврдо, но во секој случај разголувачки искрено: не се сеќавам кога последен пат сум извел пократок и поефектен емоционален и интелектуален стриптиз. Но, колку повеќе размислував сè појасно доаѓав до заклучокот дека во позата и во суштината на тоа јавно слекување имаше и некои рационални елементи односно елементи на рационалноста. Еве за што станува збор.

И тогаш и денеска, кога пресудата на Хашкиот трибунал ѝ дава нова сила на правната издржаност на македонската позиција, поаѓав од шизофрената позиција не само на власта во Македонија туку и на комплетниот идеен свет на трибалната антикултура што гравитира околу власта. Таа шизофреност се состои во задоволството од пресудата од која се очекува да ги откочи аспирациите кон Големата интеграција во чие "распаѓање" тој свет ужива повеќе отколку што уживаа децата од мојата генерација кога татковците им купуваа Јо-Јо или таан-алва во наут лепче.

Нема да се изнeнадам ако ми јават дека во делот во кој може да ја подотвори вратата на европските интеграции, пресудата е примена со загриженост во највисоките инстанци на Внатрешната антимакедонска контрареволуционерна инсталација и дека, истовремено, е донесена одлука хашката пресуда да се одбележи со свечено дефиле на сите родови на македонската фаланга под Триумфекалната капија на македонските порази. Или со некое слично срање: состанок на државниот врв во вилата "Водно" или на некој од неизградените сплавови на риверот Вардар. Зошто е тоа така?

Европа е противпожарна бригада за вмровскиот револуционерен пламен. Македонија не може да влезе во Европа и со името и со својата супстанца на внатрешната комитска (само)окупација. Името го обезбедуваше и го обезбедува процесот на внатрешната (само)окупација, а не прашањето на европската интеграција. Името и Европа се функции на таа (само)окупација. Горското началство ќе најде начин да ја одбие Европа ако влегувањето ги загрозува внатрешните самоокупациски процеси дури и ако ни биде понудено да влеземе под уставното име. Внатрешната Инсталација никогаш нема да прифати да изврши самоубиство во името на европските перспективи на Македонија затоа што без неа или надвор од неа (мислат комитите) не постои ниту Македонија ниту некаков европски пат за нашата напатена татковина, а прашање е дали постои и Европа. А без самоубиството нема ништо. Војводите маршираат кон Европа за да ги остават Македонците на Балканот. Тоа е шизофренија од екстремна категорија. Во Овче Поле за тоа викаат: ни се тера ни се воде.

Второ, сакав да ги потсетам Македонците на старата самурајска мудрост која вели дека крупните работи треба да се прифаќаат со лефтерност и со лежерност, а ситните со максимална посветеност. Тоа го има кај Џармуш. Сакам да кажам дека целава оваа шема со таканаречените национални интереси или со интересите на таканаречената нација е позагадена од плувачниците што на времето ги красеа ќошињата на доброопремените селски амбуланти и некои други установи.

Лично мислам дека за Македонија е поважна синоптичката ситуација и метеоролошката прогноза откоклку решението на судот во Хаг или потрагата по гробот на Педерот од Пела. Кога случајно ќе налетам на некои вести во кои Силвана Бонева Шварценегер и Благороднето Дулиќ ми го креваат достоинството ме фаќа некоја тешка ерективна дисфункција. Зошто, се прашувам, не се симнат малку меѓу народот, зошто не им помагаат на своите сограѓани да го решат овој проблем. Кога луѓето не можат да ебат затоа што им пречат влакната на името, тоа е крајно тажна ситуација. Ако еден струмички земјоделец каже дека неговата среќа е во позитивната пресуда повеќе отколку во еден добар есенски дожд, тоа ни дава одговор на прашањето зошто дожд сè уште нема. Господ е праведен. Сакам да кажам.

Третиот мотив ми беше способноста на режимот и на сиот тој примитивен свет околу режимот да го претворат во тешко срање исходот од која било битка на меѓународен план. Триумфализмот нема да им даде шанса на последните зрнца разум во главите на инфантилизираните Македонци, а неповолната пресуда ќе го мелиорираше мозокот на просечниот Македонец преку одводните системи на очајувањето и депресијата.

Позитивната пресуда можеби ќе ја зајакне македонската преговарачка позиција, но, ќе ја декапацитира спремноста за преговори. Во таа смисла Љубчо Георгиевски беше во право. Исто така, многу е веројатно дека ќе ја заостри грчката позиција. Проблемот нема да загуби ниту трунка од својата политичка суштина. Потребата од политичко решавање на спорот ќе остане со тоа што шансите за напредок ќе бидат намалени.

Четвртата работа што ме тераше да се разголам на Фејсбук беше уверувањето дека овие епски теми се репродуцираат во видното поле на Македонецот за да може лоповската екипа да оперира по неговиот стан додека тој зјапа во телевизорот и чека што ќе рече јапонскиот судија во Хаг. Македонизмот се разликува од донкихотштината по отсуството на возвишеност и саможртва. Да се олабавиме, драги мои, да го откриеме отсуството на можноста за спас без помош на нашите драги комити. Гледајте од својот балкон во бескрајните пространства на слободата.

Би можел да редам уште, но, тука ќе запрам зашто имам да кажам нешто и за една друга тема. Но пред тоа, една важна, можеби најважната поента: ние сме рипче во краците на октоподот кој има една рака за Европа и крак против Европа, крак за сиромашните и крак за крупниот капитал, крак за слободниот пазар и крак за државниот капитализам, крак за правдата и крак за моќта, крак за процедурата и крак за ефикасноста, крак за антифашизмот и крак против антифашизмот, крак за Мис Стон и крак за Манданата, крак за Тополиницата и крак за велешани, крак за Ѕинго и крак против социјализмот, крак за Бугарија и крак за Србија, крак за жабата и крак за змијата. И опозицијата е во тој систем само што таа тажна структура не знае или не сака да признае дека е интегрален дел од Големото Ништо. Имаме една организација еден народ и еден водач. Крај. Ебете се и ќе се вознесете... верувајте во Господа од Ревоплуцијата...

Комитизираниот Македонец прави многу интересна брана пред воздушните струи од Влае преку центарот на Скопје кон Лисиче и Зелениково. Што сè не е изградено тука или нема да се изгради во блиска иднина: театри, музеи, хотели, судови, министерства, водоводи и канализации, споменици, станови, панорамски тркала, триумфекални капии, цркви, спомен домови... Така, под раководната палка на Внатрешната антимакедонска контрареволуционерна инсталација комитизираниот Македонец си ја ѕида сопствената смрт. Радосен и весел, препороден, начисто.

Кога почнував да се занимавам со новинарство, се сеќавам на една дискусија во која се напаѓаа некои урбанистички решенија во постземјотресно Скопје од аспект на нарушената воздушна циркулација. Ова што денеска го прави Злосторничкото здружување на Надвојводата Шарло е затка во шишето во кое Скопјанецот останува како брод.

Познати се примерите со Велигденските острови. Големите уши под раководството на тамошната вмровска организација ја беа исекле сета шума и го беа направиле островот без услови за живот. На Пацификот има острови на кои населението гради куќи од корални наслаги што ги корне од плиткото дно околу островот. Куќите се убави арно ама без коралите океанот добива шанса секој божjи ден да го грицка островот и да ги лапа куќите и нивните домаќини.

Неверојатна е сличноста со Македонија. Ние ги добиваме битките, а ја губиме територијата, ние ги добиваме битките, а ја губиме супстанцата, ние ги добиваме битките, а ја губиме смислата, ни го креваат достоинството, а курот ни останува мртов ладен.

Дај, бе, малку, стисни тоа кочницата, пичка ти материна...!

Гледате ли, драги мои читатели, дека Словенците решија да излезат од досегашната политичка конфигурација и да му дадат доверба на еден човек кој делува разбрано, морално, паметно, чесно, добронамерно. И таков е. Хрватите гласаа за промени и истовремено ја отворија портата за пробивање на двополарната политичка структура. Мислам дека и во Србија ќе се случат слични процеси.

Јас мислам дека ние на политичката сцена допрва треба да доведеме луѓе какви што се Јанковиќ и Лесар. А можеме и да не ги доведеме. Но, тогаш мораме да го овластиме Џорџ Клуни да дојде и да ја изгасне сијалицата и да каже: готово е!

Извор: globusmagazin.com.mk

Колажи: Свирачиња

И мене ми е докурчено!

И мене ми е докурчено!

Готово е... Готово е!!!

Готово е...

Готово е!!!

е значи, ми се смачува кога

е значи, ми се смачува кога текстот почнува со мубаетот „ме боли курот“! текстот и да е добар, ми е одбивен понатаму да го читам оти ме потсетува на некоја разгологазена старлета!
арам да ви е на платите што ги земате за курово здравје!
сето напишано е веќе одамна познато.

Didn't know the forum rules

Didn't know the forum rules allowed such brliilnat posts.

ОкоБоли главаВицФото