Ројц – местото каде што транзицијата тргна во спротивен правец

24.02.2012 13:05
Ројц – местото кадешто транзицијата тргна во спротивен правец

По распадот на социјализмот, добро ситуираните јавни институции, главно државни или градски, станаа неефикасни во организацијата на општествената активност и животот воопшто.

Неолибералната приватизација не застана само на индустријата туку почна да се применува и во здравството, образованието, спортот и останатите сфери на јавен интерес кoи државата (како носител на тие интереси) неуморно ги отфрлаше. Во такви транзициски услови во заземениот простор на бившата кафеана „Карло Ројц“ веќе 12 години се развива еден нов вид на институција, која низ сосема различни етапи на развој се нарекуваше: „културен центар“, „општествен центар“, „мултимедијален центар“ или едноставно „трет дом“. Но, без оглед на именувањето, Ројц станал симбол на јавната сфера која се развиваше главно преку судири со јавната управа. Колку и да звучи збунувачки оваа реченица, таа може да се раслои ако се дефинираат разликите меѓу трите основни поими: јавна сфера, јавна установа и јавна управа.

Јавната сфера најдобро ќе ја разбереме низ опис на историјата на општествените движења во Пула кои доведоа до заземање, односно окупација на зградата на Ројц. Поимот јавна установа ќе го опишеме со сегашното настојување на корисниците на Ројц да создадат нов тип на институција во Хрватска. Последниот термин, јавна управа ќе го појасниме низ опис на судирот меѓу корисниците на Ројц и градската администрација, и тоа, најмногу околу прашањето на вредноста која ја произведува Ројц.

Јавната сфера го зазема просторот

Приказната за Ројц започнува во 1998 година, една година откако зградата е напуштена и од бегалците и раселените лица кои привремено биле сместени таму. „Најстар корисник на Ројц е задругата Suncokret која во зградата остана уште од работата со бегалците, а во 1998 година во Ројц влегуваат членовите на SAKUD градскиот оркестар и Inat. Тие групи имаа простории во градот кои јавната управа одлучи да ги комерцијализира. За возврат тие добија усно ветување дека може да го користат напуштениот Ројц. Кога управата сакаше да воведе наплаќање по квадрат во Ројц, организациите се побунија и ги побараа своите претходни простории назад“, се присетува Марко Грбац Кнапиќ од здужението Armazonex и додава: „После првите корисници во зградата почнаа да пристигнуваат разни луѓе кои ги заземаа просториите по потреба. Конечно, градската управа при крајот на 2002 година, распиша конкурс за доделување на просториите на непрофитни организации и направи договор со здруженијата во кои се откажува од било каква наплата на трошоци и наемнина, а во замена организациите се задолжени сами да ги уредат своите простории“.

Набрзо по конкурсот се појави интерес на одредени организации да воспостават заедничка мрежа на корисници и истата година се јавува идејата за Сојуз на организациите во Ројц. Тогаш организациите за Сојузот пишуваа:

„Слободата која ја имаме и за која се изборивме, слободата да ги користиме просториите и ресурсите достапни во Ројц, со себе носи и одговорност кон зградата, кон сите корисници и кон широката општествена заедница“. Магдалена Плавшиќ, претседателка на здружението Suncokret, на состанокот во септември 2004 година, предложи невладините да започнат со организација на состаноци на месечна база, за да се развие комуникација меѓу новите корисници на Ројц чиј број по конкурсот наеднаш скокна од десетина на 60 организации.

Водени со слична идеја истата година и невладините Distorzija и Otompotom го иницираа проектот за насликување на зградата под името „Krojcberg“, а во 2005 година организациите Metamedij, KaPula и Distorzija ги организираа и „Денови на отворените врати на Ројц“ (Dane otvorenih vrata Rojca), на тема „Запознај го својот сосед“. На таа манифестација е прочитан и манифестот на Сојузот, со чие пишување се започна две години претходно. Во манифестот, меѓу останатото, под точка бр.5 е запишано: „Сојузот се залага за дејствување на луѓето во заедница, и самоорганизирање на човековите животи во заедница, односно враќање на политиката кон нејзиното изворно значење“, и под точка 14: „Сојузот се залага за потпирање на сопствените сили и автономија во својата работа“.

Јавната установа создадена „од долу“

Од 2008 година, кога власта над Ројц ѝ припаѓаше на градската власт, зградата носи службено име Центар на градските здруженија „Ројс“ или CGU „Rojs“. Почетната идеја за автономното водење на Ројц доведе до развој на две заеднички организациски тела: „Совет на ЦГЗ Ројц“ (Vje

če CGU Rojs) и „Работна група за координација на ЦГЗ Рјц“ (Radna grupa za koordinaciju CGU Rojs) или скратено „Koordinacija“.

Собранието е составено од по еден претставник на сите огранизации кои ја користат зградата, а тоа тело одлучува за основните прашања важни за Ројс, како организација на заедничките активности, претставување и застапување на Центарот надвор од самиот Ројц или одбирање на претставници за „Koordinacija“. Редовни седници се одржуваат на секои три месеци, додека вонредни седници се свикуваат на барање на „Koordinacija“ или на најмалку три организации членки на Собранието.

„Собранието е облик на самоорганизација. За да може да донесуваме заеднички одлуки или мислења, би требало да имаме претставничко тело“, смета Душица Радојчиќ, претседателката на организацијата Zelena Istra, но напоменува и дека „иако единствено Собранието има легитимитет во името на Ројц да ги обликува заедничките ставови, ројчани немаат можност самостојно да донесуваат извршни одлуки, тоа го може само ’Koordinacija’, и тоа со согласност на градоначалникот“.

Иако Собранието нема извршна моќ, неговата улога со текот на времето станува сè поважна. „Првата ситуација во која Собранието ја покажа својата сила беше кај проблемите кои настанаа во јужниот дел од дворното земјиште, каде што градската управа, според мислењето на ројчани, замислила катни гаражи. Собранието расправаше за тоа и не само што ја одби службената идеја туку и сите заедно се произнесовме низ предлози како да се уреди таа површина за општествено корисни активности“, вели Ирена Бољунчиќ Грацин, претседателка на здружението „Carobnjakov šešir“.

Второто тело на Ројц, Koordinacija, е оформено со цел да управува со зградата и покуќнината. Тоа е заедничко тело на претставници од организациите како корисници на просторот и градската управа како сопственик на Рајц. Душица го опишува настанувањето на ова тело на следниов начин: „Незадоволни со начинот на управување со Ројц, и донесувањето на одлуки кои не се во согласност со интересот на корисниците, делегатите покренаа иницијатива за промена. Побаран е состанок со градоначалникот и водечките луѓе во градската управа, и на тој состанок се укажа на нерационалното трошење пари во Ројц, и се предложени мерки со кои трошоците ќе се намалат на реално ниво. Заклучено е дека комуникацијата помеѓу Градот и организациите од Ројц е лоша и дека е потребно да се создаде едно тело кое би се состоело од три претставници на организациите од Ројц и три претставици на Градот Пула, кое би имало овластување да одлучува и да ги контролира трошоците, односно кое ќе управува со Централната градска организација Ројц.“

Јавната управа го корумпира експериментот

И покрај политичката поддршка, работата во „Koordinacija“ не започнала така како што луѓето во Ројц очекувале. „По една година дејствување, Собранието организираше конференција за новинари на која ја критикуваше неодговорноста на градската управа која ниту после една година не усвои правилник за работа на „Koordinacija“. По овој медиумски притисок правилникот е усвоен и со самото тоа е легализиран. Собранието исто така ѝ предложило на „Konferencija“ на кој начин да ги потроши годишните финансиски средства за одржување на зградата. „Ако ’Koordinacija’ тоа го прифати и градоначалникот даде согласност тоа ќе биде прв доказ дека ние, луѓето од Ројц, навистина владееме со нашиот простор“, вели Ирена, а Душица напоменува дека „по протестот на делегатите за неефикасната работа на ’Koordinacija’ и опструкцијата на неговата работа од страна на претставниците на градската власт, градската управа именувала три нови претставници и дури сега работата на ’Koordinacija’ се нормализирала.“

Освен нормализацијата на работата на ’Koordinacija’, проблем кој е постојан придружник на јавната управа и властите е и корупцијата, односно нетранспарентното финансиско работење, па така веќе со години не може да се реши проблемот со поставените телекомуникациски антени од приватни компании на покривот од зградата, а покрај користењето на Ројц во непрофитни цели, градските власти заработуваат пари и од изнајмувањето на паркиралиштето на Хрватскиот автоклуб. Во записникот на четвртиот состанок на Собранието, од 27.01.2008, Душица говори за потешкотиите со кои се соочиле кога побарале од градската управа да ги покаже трошоците за Ројц. Всушност, сметала дека намалувањето на трошоците е од заеднички интерес на сите, но тој чин не наишол на одобрување, туку на навреди, како што тврди. На Собранието исто така се расправало за сомнителните работи на фирмата „Castrum“ со која градската власт има склучено договор за одржување на зградата. „Во мај претставник на ’Castrum’ изјави дека трошоците за вградување на броило во северното крило на Ројц ќе бидат околу 50.000 куни, а во јужниот дел двојно поскапо. На последниот состанок на ’Koordinacija’ во октомври информацијата беше многу поинаква: веќе биле потрошени 200.000 куни за северното крило за вградување на броило. Претставниците на организацијата не знаат за што точно се потрошени тие пари бидејќи не добиле извештај за потрошеното, ниту пак понуди, како што првично било договорено“, стои во записникот на третиот состанок на Собранието од 13.10.2008 година.

Охрабрена од новопотврдената сопственост над објектот, власта тргнала во ’офанзива’, пробувајќи да присвои нешто што веќе десет години се развива надвор од неа. Во бурната 2008 година е сменет дотогашниот координатор Ерос Чакиќ, и преку сомнително организиран избор, градските татковци избраа нов координатор кој не бил запознаен со дотогашната работа и развој на Ројц. Ирена смета дека „најпроблематичната точка во сегашната поделба на телото во Ројц, всушност, е координаторот на градскиот проект CGU Rojc, кој доаѓа однадвор, а не од Ројц. Претседателот на Собранието би требало да биде координатор или барем Собранието би требало да го бира. Во секој случај би требало да биде некој којшто е добро запознаен со ситуацијата во Ројц, здруженијата и луѓето кои ја користат зградата.“

Градоначалникот, освен што поседува моќ да ги менува и поставува координаторите на градскиот проект CGU Ројц, мора да даде согласност и на секоја одлука на „Koordinacija“. Душица приговара дека „таквиот систем во којшто градоначалникот мора да ги одобри сите одлуки на ’Koordinacija’ е многу бавен и токму затоа во некои ситуации и неделотворен. Имено, брзината на спроведувањето на некои одлуки во некои случаи е подеднакво важна како и нејзината содржина“.

Овие два столба на моќ, надворешниот координатор и согласноста, се базирани исклучиво на еден факт, а тоа е сопственоста. Тоа е сопственоста која некогаш беше општествена, па стана државна за сега да се најде во рацете на градската управа, толку е силен аргумент во капитализмот што може сериозно да ги загрози десетте години развој на новите инвестиции како што е Ројц.

Производствена вредност која власта не ја признава

Најчестата метода со која градската власт се обидува да го загрози самоорганизирањето во Ројц е тезата дека Ројц е како ’вреќа без дно’ во која само се инвестира. Меѓутоа, одбраната од вакви напади не може да се заснова само на укажување на очигледното расипништво и корумпираност на градските раководители која е веќе опишана во претходното поглавје.

„Проблемот на работата на луѓето во Ројц е што таа работа не е препознаена како вредност, туку се гледа само материјален трошок што се создава. Дури ни градската управа не ги препознава тие активности како вредност. Зборуваат само за тоа колку пари се издвоени за Ројц“, заклучува Ирена.

Меѓутоа, Ројц се покажа не само како демократски начин на организација на животните активности, туку и како најевтиниот начин! Имено, во држава на благосостојба и социјализам токму државните институции ги организираа здравствената нега, културата и спортот и плаќаа вработени кои ќе ги извршат тие работи. Сега во Ројц тоа го спроведуваат волонтери, кои тоа го работат бидејќи ги исполнува. Значи, работата, која некогаш ја плаќала државата, стана бесплатна, и тука секоја критика на власта за „расипништвото“ на Ројц станува неоснована. Ројц е очигледно економски најодржливата и најдемократската јавна институција што може да се оформи во неолиберализмот!

Луѓето во Ројц се свесни дека сè додека зградата биде финансиски врзана за градската управа, ќе има и корупција, нетранспарентност и политички подметнувања. Токму затоа Марко го објаснува следниот чекор во развојот на Ројц: „Инсистираме на основање јавна институција за да можеме самите да го контролираме финансирањето на Ројц. Сега тоа е финансирано од градската власт и таа ја користи таа позиција за да ги нападне корисниците и ги обвинува луѓето во Ројц дека се паразити.“

Душица детално ја опишува оваа иницијатива: „Градската управа, мотивирана од неуспехот во управувањето со Ројц, кој се манифестира во неможноста за спроведување одлуки кои самата ги носи, прифати предлог проект за едукација и осмислување на ефективен, партиципативен модел на управување и основање на хибридно јавно-цивилна општествена институција, како онаа која веќе постои во Загреб кадешто Град Загреб и „Сојузот за Центар на независна култура и млади“ заедно основаа институција од мешан тип во чија работа не учествуваат ниту политички претставници ниту градската администрација. „Zelena Istra“ во име на организациите од Ројц напиша таков проект за конкурсот за средства „Национална фондација за развој на граѓанското општество“, чија финансиска потпора и ја доби, а таа поддршка ја одобри и пулската градска управа.“

Освен прашањето на самостојното финансирање со идејата за јавна институција, како нов чекор во историјата на Ројц, се отвораат и нови прашања за делувањето на вакви експериментални институции. „Мојата визија за Ројц како јавна институција е укинување на потребата од согласност на градоначалникот за сите наши одлуки, засилување на улогата на Собранието, но и воведување на делегирани лица кои ќе се занимаваат со прашањата за финансирањето на Центарот, претставувањето на работата на Ројц во останатите градови и доделување на просторот како и ревизија на неговото користење“, размислува Ирена.

Во одбрана на општественото знаење

Десетгодишната приказна околу Ројц покажа во пракса неколку работи меѓу кои и каков потенцијал за производство на јавни животи поседуваат самите граѓани кога ќе се ослободат од бремето на наемот кој го наметнува пазарот на недвижности.
Исто така покажува каков развој овозможува и производството на јавното кога еднаш меѓусебно ќе се вмрежи и организира.

Паоло Вирно, италијански филозоф, опишува таква ситуација во книгата „Граматика на мноштвото“ со следниве зборови: „Субверзијата на капиталистичките производствени односи можат да се манифестираат само како институција на една недржавна јавна сфера, политичките заедници кои за сопствен темел поседуваат општ Интелект – тоа општествено знаење кое во нематеријалното производство станало главна производствена сила.“

Меѓутоа, приказната за Ројс покажува и која моќ во капитализмот ја има сопственоста, дури и таа да била градска, односно јавна. Со тоа, прашањето за новите институции на јавното, кои се развиваат низ светот, не е само прашање на автономна огранизација на тие институции туку и прашање на одбрана на стекнатите вредности од старите, непродуктивни, управни апарати кои ја задржуваат моќта поради поседување на сопственоста.

Марко заклучува дека „Ројц се разви сам, од хаосот или, како што милуваме да кажеме Ројц се случи. За тој хаос да се одбрани од непрестајниот притисок на градската управа се разви самоорганизација меѓу луѓето во Ројц. Тоа, според мене, е најголемата порака на ова искуство – самоорганизацијата е метод на одбрана од власта!

Извор: Grad POST-kapitalizma

rojcnet.pula.org

Слични статии:

Кога истражувањето ќе стане милитантно

Како живее мултитудата?

Правото на град - повеќе од популарен концепт?

Пукнатини вo урбанизмот што го познаваме

Поуката од периферијата на моќта

Одржливо користење, управување и финансирање во градот

Направи сам

Вистинска утопија

Изградбата на утопијата ги поврзува луѓето

Господо архитекти, сакате ли (сè уште) да го спасите светот?

Црвениот план

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото