Колку Американци се идентификуваат себеси како ЛГБТ?

25.10.2012 09:32
Колку Америнкаци се идентификуваат себеси како ЛГБТ?

Оваа анкета се базира на интервјуа со 121000 луѓе што, според луѓето што работеле на неа, ја прави најголема од овој вид. Многумина ќе мислат дека 3,4% се малку; како што беше објаснето во Atlantic порано годинава, Американците покажуваат тенденција да го преувеличат процентот геј Американци, а не е директно објаснето зошто:

Од една страна, луѓето што го преувеличуваат бројот на геј Американци со фактор 12 веројатно во голема мера го преувеличуваат и културното влијание на истополовиот брак. Од друга страна, вонредната збунетост во врска со процентот на геј луѓе можеби одразува триумф на движењето на геј мажите и лезбејките и на нивната децениска борба против невидливоста и орманот.

Погрешното разбирање на процентната застапеност можеби е поврзано и со изворот на навистина ретката бројност што е популарна референца со години. Како што забележува Atlantic, оваа бројност доаѓа од извештајот на Алфред Кинси од 1948 година „Sexuality in the Human Male“, што бил базиран на искуство и забележување на тенденциите, наспроти анкетата на Gallup, што го употребува идентитетот како централен фактор во квантификувањето на ЛГБТ популацијата. Оваа смена рефлектира и промена во јазикот што се употребува низ годините за да се дискутираат вакви теми.

Но, генералната процентуална застапеност не е најинтересниот дел од студијата, што, исто така, прави и демографска анализа на оваа застапеност. Еве некои од најинтересните резултати:

Прво, за не-белите Американци е најголема веројатноста дека ќе се идентификуваат како ЛГБТ во однос на белите Американци: 4,6 проценти од Афроамериканците се идентификуваат како ЛГБТ, 4% од Хиспаноамериканците и 4,3% од Азијците. За споредба, 3,2% од белите Американци се идентификувале како ЛГБТ.

Второ, има забележителен генерациски јаз. 6,4% од Американците со возраст од 18 до 29 години се идентификувале како ЛГБТ и оттука процентот нагло опаѓа. Меѓу Американците што се идентификувале себеси како ЛГБТ се вклучени 3,2% од припадниците на старосната група меѓу 30 и 49 години, 2,6% од оние меѓу 50 и 64 години и само 1,9% од оние што имаат над 65 години.

Трето, идентификувањето како ЛГБТ било најзастапено меѓу оние со пониски нивоа на приходи и образование; малку позастапено било кај оние со диплома од средно образование или од некои колеџи, но воопшто не било застапено меѓу оние со факултетска диплома или со докторски квалификации. И само 5% од Американците што заработуваат помалку од 24000 долари годишно се ЛГБТ, што е неколку стапки пониско во групите со повисоки приходи.

На крајот, вреди да се спомене дека анкетата на Gallup, како и останатите истражувања што се обидуваат да ги документираат и квантификуваат групите што се предмет на некаков вид социјална стигма, се соочиле со разни предизвици во процесите на добивање релевантни резултати. Како што и самите објаснуваат:

„Мерењето на сексуалната ориентација и родовиот идентитет може да биде предизвикувачко бидејќи овие концепти вклучуваат комплексни социјални и кулутурни модели. Како група што сè уште е подложна на социјална стигма, многу од оние што се идентификуваат како лезбејки, геј мажи, бисексуални или трансродни можеби нема да бидат отворени кога ќе бидат прашани за тоа во тек на анкета. Поради тоа, веројатно е дека некои Американци што уште се наоѓаат во она што е широко познато како „орманот“, не би биле вклучени во процените што произлегуваат од интервјуата на Gallup. Така, процената од 3,4% можеби најдобро ги претставува возрасните Американци што јавно се идентификуваат себеси како дел од ЛГБТ заедницата, кога се прашани во контекст на анкета.“

Проверете ги целосните резултати овде.

Извор: slate.com

ОкоБоли главаВицФото