Концертно млеко

07.01.2013 10:00
Концертно млеко

Ниту во Германија не цветаат рози во културните институции. Во целиот свет постојат институции на кои им е тешко да привлечат публика, но некои културни институции со помош на мудра и креативна маркетинг кампања успеваат да го решат овој проблем. Таков е примерот со Филхармонијата во Дортмунд.

Според еден од најраспространетите научни митови, кравите даваат повеќе млеко ако им се пушта класична музика. Вработените од Филхармонијата во Дортмунд со „полна опрема“, инструменти и фракови, решиле да им одржат концерт на кравите во една штала.

Потоа, пред и за време на молзењето, на кравите им биле пуштани и снимки од различни музичари кои требало да одржат концерт во актуеланта концертна сезона. Млекото било флаширано и го добивало името во зависност од артистот што го слушале кравите. Освен името на музичарот, на шишето биле напишани и информации за концертната сезона во Филхармонијата во Дортмунд.

По маркетиншката кампања „Концертно млеко“, на оркестарот му успеало не само да донесе публика на концертите со класична музика, туку и да ги мотивира луѓето да доаѓаат повторно и повторно...

Извор: latimesblogs.latimes.com