Индиски студенти осмислија облека која штити од силување

04.04.2013 09:28
Индиски студенти осмислија облека која штити од силување

Студенти и студентки од факултет за инженерство во Индија осмислиле долна облека која ги штити жените од нападите на силувачите, така што ослободува струја со јачина од 3.800 киловолти и автоматски испраќа текстуална порака до полицијата или семејството.

Сензорите за притисок кои се вградени на парчето облека и зашиени во пределот на градите ја детектираат употребата на сила и предизвикуваат силен електричен удар.

Ова парче облека може да предизвика 82 електрични удари, што е повеќе од доволно за онеспособување на напаѓачот.

„Долната облека е опремена со систем за глобално позиционирање, систем за мобилна комуникација и сензори за притисок кои можат да ослободат удари од 3.800 киловолти. Облеката испраќа и предупредувачки пораки до семејството и полицијата. Лицето кое ќе се обиде да малтретира девојка ќе претрпи удар кој долго ќе го памти“, објаснува Маниша Мохан, членка на тимот кој го осмисли овој производ.

Групните силувања на јавни места во Индија во последните месеци станаа секојдневие, од бруталниот случај на силување девојка во автобус во декември, па до последното силување на туристка.

Извор: www.huffingtonpost.com