„Ќе се чаталиме до слобода!“

01.06.2016 11:59
„Ќе се чаталиме до слобода!“

Вчерашниот скопски марш на Шарената револуција (31.05.16.) се одвиваше под мотото „Ќе се чаталиме до слобода!“ Со употреба на техниката „Чатал 2.0“ демонстрантите пред владата ја гаѓаа фасадата на популарно наречената „шампита“. Со новите чатали, откако претходните им беа вчера запленети од полицијата, демонстрантите успеваа да ја погодат и пооддалечената централна зграда од владиниот комплекс.

Истата техника беше применета и при боењето на Собранието, пред кое беа одржани неколку говори. Го издвоивме говорот на Михаела Иванова

Меѓу поинтересните транспаренти вчера го издвојуваме: „Народот ќе суди, НЕ тефтерот на Горде!“

За денес, 01.06.16., страницата „Шарена револуција“ објави:

„Граѓани кои протестираат со ‪#‎ШаренаРеволуција‬ и ‪#‎Протестирам‬ денес во 12:00 часот ќе блокираат неколку раскрсници во Скопје.

Ова е блокада за правда и слобода. Ова е блокада против аболиции за криминалци. Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим.

Ги замолуваме сите граѓани за трпение и за поддршка!
Ако се соочите со блокада, приклучете се, свирнете за поддршка, свирнете за себе и за слободна Македонија!“

Слични содржини

Општество / Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото