Клетва

31.10.2018 15:04
Клетва

Да се навива за оние што сигурно ја губат борбата.

Да се навива за оној што во арената се смее низ скршени заби со својот крвав, млад, убав јазик.

Да се навива за оној што заборавил, што пелтечи туѓи причини, свој пораз, молчи туѓи измами.

Да се навива за сиромашните духом што имаат храбри соништа со заборавени места, настани, љубови... (Дење не се сеќаваат).

Да се плаче со оние што знаат.

Да се липа неутешно. Скраја. Бидејќи во недоверба поттурнат.

Да се шмука, речиси паразитски меѓу корењата им. Од отровот заеднички и лекот.

Да се липа неутешно. Колнејќи. За дека не ти дале да си едно...

Извор: Воден знак, Култура, Скопје, 1990

Слика: Cyril Rolando

ОкоБоли главаВицФото