Еден зајак за трик ти е пуна капа

12.02.2019 14:36
Еден зајак за трик ти е пуна капа

ОГЛАС: Се издавам себе со поглед.


Ме лажат морници.


Ставив сензори да ми покажуваат кога се мрднувам.


Се водам за исчезнеата.


Требаше да се бањам со шампонов, ама не мие добро.


Кога ќе те видам ми паѓа мерак на очите.


Пробав да го извадам најдоброто од него и останав со празни раце.


Ти фали даска што живот значи за да ја сфатиш мојата претстава за тебе.


Ми рече да се потрудам да му бидам на ниво. Пропаднав во земја.


Го имаше клучот од нејзиното срце, но само сакаше да ѕирне низ клучалката и да ја види гола.

 

Бев кај киропрактичарот од маало - ми го местеше син му.


Сѐ сѐ, само не не.


Абе ај, што е една гангрена за тебе, може да ти се фати на малиот прст.


Вие легнете си, за мене е предоцна.


Имам даљинско ама ништо не ми мења.


Преврти ја харфата, имам алишта за пружање.


Зборот ми е пред мислата оти стојам зад тоа што го зборам.


Еден зајак за трик ти е пуна капа.


Не можам да те претворам во кочија, но можам да те направам тиква до полноќ.

- Како се запознавте?
- Ме фати од едно пиво.


Сцена: Влечка и кломпа разговараат.
- И сега, идете или само се влечете?
- Брат, не знам, кломпицирано е.


- Што мразиш кај себе?
- Тоа што имам кратки нозе.
- Лажеш!


- Албино сум.
- Ништо не ти се познава.


- Здраво, Хипотетика дома е?
- Не.
- Нема везе, да речеме дека е дома.


- Судијке, некој тропа.
- Нека влезе во записник.


- Го знаеш Достоевски?
- Не.
- Идиот!

- Што ќе облечеш, поету?
- Муза и панталони.


Фино се облакам, vogueлавно.


Ако сите станеме фит, системот може да ни се фати.


Старите Грци рекле: Ако не буткаш камен пругору не си зиф.


Ако те мрзи да ги пеглаш панталоните направи 10 серии од по 30 чучеви.


Сакоата од 90-ти ме прават потполнка личност.


Премалечко ми е јакничето оти е недоносено.


На блузата не може да ѝ се пуловерува!


Десет години ја молам шнајдерката да ми стави ракави на елекот. Упорноста се испалти.


Кројачот ми скина конци.

ОкоБоли главаВицФото