Извонредните антифашистички фотомонтажи на Џон Хартфилд

20.05.2009 12:58
Антифа

Како уметничката фотомонтажа на современикот на Брехт, Џон Хартфилд, го предупреди светот за воздигнувањето на Хитлер и нацизмот. Во борбата против софистицираната пропаганда на нацизмот, Хартфилд го покажа правото лице на наци-режимот.

 

 

 


Во триесеттите години на минатиот век, нацизмот почнува забрзано да се шири во Европа. Многумина одлучија да ја игнорираат или имаа laissez faire однос кон Национал-социјалистичка политика на експанзионизам, попознат како Lebensraum и кон воената опасност која Германија одеднаш ја преставуваше за светот. Џон Хартфилд (горе, центар во 1960) е германски државјанин и единствениот кој одлучи да го критикува режимот преку уметноста. Тој произведе значајни серии од фотомонтажи, чија смелост сè уште го поседува капацитет да нè вчудоневиди и изненади.

Крв и Железо
„Kомбинацијата од крв и железо ќе го реформираат германскиот народ“, изјавил Бизмарк. Во 1939, фотомонтажата на Хартфилд прикажува како всушност оваа идеја треба да биде интерпретирана во стварноста. Хартфилд отсекогаш бил реакционер во однос на германскиот национализам. Роден е во 1891 година како Хелмут Херцфелд. Лично ги видел и доживеал хорорите на Првата светска војна, во која пропагандата била бројна и екстремна од двете завојувани страни. Во 1916 година, во средина на војната, како протест против национализмот тој го презема неверојатниот чекор и го англицизира своето име.

Кајзер Адолф
За Хартфилд, вистинските мотиви на Хитлеровото задушување на политичката моќ во триесеттите години биле наполно проѕирни. На погорнава фотографија тој на Хитлер му ги дава „старите кралски алишта“ и му прикачува превртени мустаќи со што покажува дека моќта само се предала од еден на друг, но ништо не се променило во однос на демократијата. Како лев социјалист, Хартфилд дијаметрално се противел на десниот национал-социјализам (нацизам) кој ја запоседнува Германија.
Хартфилд се запознава со Брехт дури откако го основал сатиричниот магазин Die Pleite. Подоцна тој ќе работи за неделникот AIZ (печатен во прогонство,секако, вакво нешто никогаш немало да биде дозволено во татковината). Најголемиот број од неговите фотомонтажи се продуцирани за AIZ.

Хитлер се подготвува да го убие францускиот петел
Иако денес, во ерата на Фотошоп, дел од работата на Хартфилд најверојатно изгледа малку примитивно, пораките кои ги испраќаат неговите дела од 1939 се остри како и ножот во рацете на диктаторот. Натписот иронично се шегува со вегетаријанецот Хитлер. Иако постоеле вегетаријанци во триесеттите, истите биле сметани за малку „чудни“.
Францускиот министер за надворешни работи не е воопшто вознемирен од острењето на ножевите – на крајот на краиштата, господинот Хитлер не јаде месо.
Секако, на самиот почеток на наци-режимот Хартфилд веќе морал да ја напушти Германија, зашто ваквиот вид политичка сатира несомнено ќе му заработела екскурзија до концентрационен логор среде ноќ. Тој ја напушта Германија и се сели во соседна Чехословачка во 1933, годината кога Хитлер доаѓа на власт.

Нема повеќе путер
Како што вели написот на картичката, станува збор за горчлива сатира, инспирирана од зборовите на Геринг од 1935 година. Херман Геринг, еден од моќниците на нацистичка Германија, осврнувајќи се на недостатокот на храна рекол: „Железото отсекогаш ја јакнело нацијата, а путерот и свинската маст само ги дебелеат луѓето“. Доколку некој од денешниве политичари изјави нешто слично, ќе предизвика неверојатен бунт, но во нацистичка Германија, сатирата била еден од ретките начини да се повреди и нападне режимот.
Семејството на оваа фото-монтажа - веројатно едно од најпрочуените дела на Хартфилд - се обидува да го јаде разновидното оружје кое е произведено наместо путерот кој треба да се најде на масата. Свастиката на тапетите во заднината, е посебно трогателен детаљ кој покажува како режимот го проткајувал фамилијарниот живот во секој поглед.

Германскиот Даб
Дабовото дрво го полева еколошки свесниот Хитлер, меѓутоа, растат само со куршуми и железни шлемови обележани со свастики. Станува збор за силна визуелна слика која покажува како идеалите на една нација се разводнуваат од врвот надолу. Дабовото дрво е Германија – разводнета од коренот од човекот кој стои на врвот. Оваа слика е насликана во 1939 година кога Хартфилд веќе почувствувал дека е потребно да се повлече од својата усвоена земја домаќин – Чехословачка. Се сели во Англија каде што останува да живее во Хамстед, Лондон, до крајот на војната.

Средниот век и Третиот Рајх
Повикувајќи се на средновековната алатка за мачење, Тркалото, Хартфилд вешто ја адаптира свастиката (симбол кој нацистите го злоупотребуваат со својата интерпретација) да отслика што му се случува на германскиот народ под „водство“ на Адолф Хитлер и неговите побратими.
Некои би рекле дека оваа слика на страдање е на некој начин великодушна кон германскиот народ, отсликувајќи го како жртва на Нацизмот. Но, откако Хитлер ја осигура својата апсолутна моќ, не постоела можноста за негово разрешување од позицијата на демократски начин – а ниту политички (како што беше случај и со Мусолини во Италија), така што жртви е единствениот збор со кој може да се опише германскиот народ.

Куќата која ја изгради Хитлер
Политичкиот систем на Германија, или куќата од карти која беше осудена да се распадне е прикажана на оваа фотографија. Далекувидноста на Хартфилд го прикажува Хитлер како дете-тапанар кое стои на дното од пакетот карти. На врвот стои германскиот индустриалист Тисен – сликата покажува како Хитлер здружен со индустријата се подготвени да ги измамат граѓаните. Нацистичкото знаме на врвот од куќата од карти е претешко, и куќава во секој момент ќе се струполи. Како што на крајот ќе се покаже, нацизмот беше изграден на темели кои не можат долго да траат – беше политички систем кој беше осуден на колапс кога-тогаш.

Мирот и фашизмот
Оваа особено сурова сатира – гулабот на мирот често бил прикажан мртов или како умира, но овде е буквално прободен и стаписан на бајонет кој го претставува издигнувањето на фашизмот во Европа во 1930-те. Во заднина се гледа зградата на Лигата на нациите. Погледнете повнимателно и ќе ја забележите свастиката како се вее на врвот. Ова ја прикажува огорченоста која многумина ја чувствувале кон организацијата создадена за да ги претставува државите во светот по крајот на Првата светска војна, зашто истата не ги извршува своите обврски. Со својот неделотворен пристап, всушност Лигата на нации го има поттикнато нацизмот и фашизмот во опколениот европски континент.

Последиците
По поразот над Хитлер и нацизмот, Хартфилд се враќа во Германија и го живее остатокот од животот во источен Берлин. Неговиот живот и дела се овековечени на поштенска марка. Во подоцнежните години од тој работи со многу театарски режисери, а во 1967 се враќа во Лондон каде што приготвува ретроспективна изложба на своите дела. За жал тој умира пред настанот, но неговата вдовица ја завршува изложбата отворена во Институтот за модерна уметност во 1969.
Хартфилд останува многу малку познат на јавноста и покрај изложбата на негови дела која ја приготви лондонскиот Тејт музеј пред неколку години. Можеби овој краток напис ќе ја исправи неправдата.

Преземено од http://www.quazen.com/

Слични содржини

Општество / Уметност / Историја
Книжевност / Уметност / Теорија / Историја
Култура / Уметност / Историја
Уметност / Историја

ОкоБоли главаВицФото