Медиумската писменост не се учи во школо

25.10.2020 18:57

Реакциите на лажната вест (демантирана е) дека Амди Бајрам ќе биде погребан во Алејата на великаните, на најеклатантен начин го покажува главниот проблем кај медиумската писменост. Реагираат паметни луѓе, дури и искусни новинари, кои сигурно се медиумски писмени. Но, без оглед колку си медиумски писмен, секогаш може да подлегнеш на лажна вест, доколку ја немаш вистинската информација. Ми се случило и мене.

Затоа велам: медиумска писменост не се учи во школо (иако може децата да бидат запознаени со некои основи), ниту со постојано повторување на тој термин, туку со КВАЛИТЕТНИ МЕДИУМИ.

Читателот, гледачот, слушателот, треба да биде медиумски писмен толку колку што е потребно да ги избере професионалните медиуми од кои ќе се информира. А тие се должните да проверуваат и да даваат точни инфромации. Тоа вклучува поправки и извинувања, бидејќи никој не е непогрешлив; но има разлика дали грешка е намерна и свесно направена за да ја збуни и дезинформира јавноста, или е ненамерна.

Миодраг Мишолиќ, Фејсбук, 25.10.20.