Протестен марш за правата на еднородителските семејства

07.02.2022 16:21
Протестен марш за правата на еднородителските семејства

 
Во недела, 13 февруари во 13 часот, „
Една може!“ како единствена организација која се залага за правата на самохраните мајки и еднородителски семејства, организира протестен марш. Маршот ќе се движи од Жена - парк до Министерство за труд и социјална политика.

Со овој марш, „Една може!“ и поддржувачите на нивната мисија имаат за цел да го изразат незадоволството кон сите институции кои се глуви на нивните барања и барањата на нивните членки.

„Со задоволство ве покануваме сите, без разлика дали сте самохрани родители, разведени партнери, индивидуи, поддржувачи, млади и возрасни, новинари и репортери, вработени и невработени, јавни личности и политичари. Нашите права не смеат да бидат табу тема!“, стои во најавата за протестниот марш.

Барањата ќе се однесуваат најмногу на зголемување на социјалната помош, детски и образовен додаток за сите деца од еднородителски семејства, да се превземат мерки за тоа социјалните центри да постапуваат согласно законските правила, најчесто кога се одлучува кому ќе припадне детето.

Организаторите на настанот објавија и повик за повеќе волонтери.


Организацијата „Една може!“ неформално започнала со работа во 2014 година. Тие се женско движење работи на ефективна промоција и поддршка во остварување на правата на девојки и жени, со фокус на унапредување на правата на самохраните родители и еднородителските семејства. Организацијата се заложува за можности, правда и правичност за сите девојки и жени, зајакнување и едукација, антидискриминација, социјална инклузија и слобода без ограничувања.

 

ОкоБоли главаВицФото