1016 hPa
77 %

15 °C
Скопје - Сре, 21.05.2025 04:10
Дупката вели,
‘Погледни, ако смееш.’
А јас ѝ велам,
‘Зошто? Ти си празна.’
‘Да, но може низ мене да погледнеш
на другата страна.
Можеби ќе сакаш да видиш што има таму.’
Дури се врткам местејќи се пред дупката,
некој се обидува да ме истурка со лакт.
‘Побрзај’, ми вели.
‘Ѕирни и тргни се да не пречиш!
Гледаш дека правиш гужва!’
На тоа дупката пукна од смеење,
цркна, насекаде се разлета плунка.
Превод од англиски јазик: Зоран Анчевски