Срдечно ваш, Харолд Пинтер

11.04.2013 09:40
Срдечно ваш, Харолд Пинтер

Судирот помеѓу писателот на делото и читателот кој не го разбира е стар колку и самата книжевност. Некогаш причината за судирот е вообразеноста на писателот, некогаш лошиот квалитет на делото, некогаш игнорацијата на читателот, а понекогаш сè заедно.

Без да ја коментираме личноста на Харолд Пинтер, ќе обрнеме внимание на една комична, кракта и остра преписка помеѓу Пинтер и една гледачка на претставата „Роденденска прослава“ (за која текстот го напиша Харолд Пинтер).

Анонимната читателка на Пинтер му го испратила ова писмо:

Почитуван господине,

Би ви била благодарна кога би можеле љубезно да ми го објасните значењето на вашата драма „Роденденска прослава“. Ова се нештата кои не ги разбирам:

1. Кои се тие двајца мажи?
2. Од каде се појави Стенли?
3. Дали сите тие ликови би требало да бидат нормални?

Ќе сфатите дека без одговор на овие прашања, не можам во потполност да ја разберам вашата драма.

Срдечно ваша,

х.

Пинтер одговара:

Почитувана госпоѓо,

Ќе ви бидам благодарен ако можете љубезно да ми го објасните значењето на вашето писмо. Ова се работите кои не ги разбирам:

1. Која сте вие?
2. Од каде се појавивте?
3. Дали би требало да сте нормална?

Срдечно ваш,

Харолд Пинтер

Извор: Letters of Note

ОкоБоли главаВицФото