Зошто мажите глумат оргазам

24.02.2010 11:36
fake.jpg

Мислевте дека само жените глумат оргазам? Не е точно! Верувале или не, и некои мажи глумат дека ја доживеале сексуалната кулминација.

Причините за тоа се бројни, но сите се сведуваат на една заедничка карактеристика, а тоа е мачизмот.

Од мажите се очекува во секој миг да бидат спремни за секс. За нив не постојат изговори. Со оглед на тоа дека се под таквиот притисок, некои мажи го глумат оргазмот. Поточно, одредени истражувања покажаа дека речиси една петтина од нив го прават тоа.

Ви ги претставуваме шесте најчести причини зошто мажите глумат оргазам:

Ерекцијата е при крај

Неуспехот е многу чувствителна работа. Освен неговата машкост, чувствително е само неговото его. Ако за време на односот тој забележи дека неговата ерекција е при крај, ќе се преправа дека оргазмот е тука, па приказната лажно ќе ја заврши за неговата партнерка да не може да забележи дека тој не може да го постигне.

Премногу мастурбирање

Непосредно пред сексот со вас тој се забавувал сам. И сега, кога тоа го прави со некој кој не е неговата рака, се јавуваат мали потешкотии. Имено, тој се истрошил претходно и сега не може да ејакулира, па мора да го одглуми оргазмот.

Не сака да има секс

Тој гледа дека вие сакате секс, ама нему едноставно не му се сака. Не постои некоја посебна причина, ама едноставно во тој миг не е за секс. Со оглед на тоа дека таквото одбивање не му е дозволено нему, тој „преминува на работата“ и, се разбира, ја глуми завршницата на приказната.

Исцрпен е

Мажите глумат оргазам и кога се исцрпени. Иако можеби сака секс, организмот му е премногу уморен и тој само сака одмор. Но, за сепак должноста да не остане неисполнета, тој ќе си го одработи сексот, а со тоа постои голема веројатност дека ќе го одглуми и оргазмот.

Страв пред големите очекувања

Ако предизвиците кои се поставени пред него се преголеми, ќе го фати паника и страв. Некои мажи не се толку искусни во сексот, а нивната партнерка очекува врвна игра под чаршафите. Тие се плашат да не ги изневерат нејзините очекувања, па се користат со лага: за да го доведат сексот што е можно побрзо до својот крај, ќе го одглумат оргазмот.

Досаден секс

Одглумениот оргазам се појавува и во долгите врски во кои сексот станал рутина. За мажите во таквите врски сексот станува нешто што треба да се одработи. За нив нема уживање во тоа и затоа чувствуваат здодевност. За да ја завршат својата должност што е можно побрзо, тие на партнерката и’ приредуваат вистинска претстава на одглумен оргазам.

Извор: Intimate Medicine

ОкоБоли главаВицФото