Попладне

17.11.2015 18:26

Додека пишува, не гледајќи во морето,
чувствува како врвот на перото почнува да трепери.
Плимата се тркала преку камчињата.
Но, тоа не е тоа. Не,
тоа е зашто во тој момент таа
влегува во собата без облека, гола.
Сонлива, за момент таа дури не е ни сигурна
каде се наоѓа. Ја трга косата од чело.
Седнува на шољата со затворени очи,
наведната глава. Со раширени нозе.
Тој ја гледа низ вратата. Можеби таа
се присеќава на она што се случи утринава?
Бидејќи, таа набрзо отвора едно око и го гледа.
И слатко се смее.

Препев: П. В.

Рејмонд Карвер (1939-1988), американски писател, најпознат по своите лесно читливи и заводливи раскази. Неговиот живот и тешкотиите кои постојано го следеле му пружиле најголем дел од материјалот кој го вградил во своето пишување, кое често се фокусира врз изгубените соништа, пропаднати врски и разочарување. Се смета за еден од врвните раскажувачи од англиското говорно подрачје и му се припишуваат заслуги за обнова на интересот на публиката кон оваа книжевна форма во 1980-те. Како поет - иако неговата поезија не е толку прославена како прозата - Карвер ја има истата сила, искажана со истите минимални средства.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото