Бенјамин и Еко, за фашизмот

31.01.2012 14:13
Бенјамин и Еко, за фашизмот

Фашизмот им дава на масите да дојдат до својот израз, но не и до своите права. Валтер Бенјамин

Еве ги, уште еднаш, во скратена форма, некои од обележјата на фашизмот кои ги набројува Умберто Еко:

1. Првото обележје на прафашизмот е култот на традицијата.

2. Новата култура мора да биде синкретистичка. Синкретизмот не е само, како што вели речникот, „комбинација на различни верски форми или практики"; таквата комбинација мора да ги толерира противречностите. (Ем православни, ем антички, ем Словени, ем мистична првобитна раса – тоа се Македонците, според актуелната несопирлива владина пропаганда.)

3. Традиционализмот имплицира отфрлување на модерната. Просветеноста, векот на умот, се смета како почеток на модерното изопачување. Во таа смисла прафашизмот може да се дефинира како ирационализам. (Македонската модерна беше социјализмот. Затоа е и очекувано отфрлањето на таа традиција од сегашните десни болшевици. Иако резултатите на македонската модерна се просто неотповикливи – „вие не можете ни да го искречите она што ние го изградивме!“.)

4. Ирационализмот исто така е зависен од култот на акција поради акција. Една во себе убава акција мора да успее пред мислењето или во потполност без мислењето. („Остваруваме! 24/7! Не се откажуваме дури ни од најглупавите и најдеструктивните замисли!“)


Грчкиот фашизам: режимот на Метаксас

5. Зашто мислењето е форма на кастрација. Оттаму културата станува сомнителна штом ќе се идентифицира со критичките ставови.

6. Либералната интелигенција е предавник на традиционалните вредности. Неслагањето е предавство по себе.

7. Прафашизмот расте и бара поддршка така што го користи и заострува природниот страв од различното.

8. Прафашизмот настанал од индивидуалната или социјална фрустрација.

9. Во корените на прафашистичката психологија лежи опсесијата на заговор; најдобро е меѓународен заговор. Следбениците мораат да се чувствуваат опколени.

10. Бидејќи бесконечната војна и хероизмот навистина се тешки игри, фашистот својата волја за моќ ја пренесува на сексуалноста. Овде лежи изворот на мачоизмот (во кој спаѓа и насилничката нетолерантност спрема хомосексуалноста).

11. Прафашизмот се темели врз еден селективен популизам. Во демократијата граѓаните имаат индивидуални права, но земени во целина тие поседуваат политичко влијание само со оглед на едно квантитативно гледиште – се следат одлуките на мнозинството. За прафашизмот индивидуите како индивидуи немаат никакви права, додека народот, напротив, е сфатен како квалитет, како монолитен ентитет кој ја изразува заедничката волја. А бидејќи големиот квантитет од луѓе не може да има никаква заедничка волја, водачот се претставува како нејзин толкувач.

***

Валтер Бенјамин за историјата и нацизмот

Историјата сега е во сопственост на нацистите, оние кои можат да го надзираат и манипулираат нејзиниот дискурс. Хитлер ја заговара верноста спрема историјата како доблест со која Германија ќе се одмазди за нанесените неправди.

Во нацистичка Германија историјата е фашистичка. Фашизмот се легитимира во име на националниот идентитет, на темелите на единството во континуитетот на историјата.

Историцизмот затоа се темели врз разбирањето на историјата како победа. Фашизмот навистина е филозофија на историјата како победа.

Задачата на историчарот денес се состои да ја избегне соработката со криминалниот режим и со фашистичкиот дискурс. На сличен начин, историчарот на иднината ќе треба да биде внимателен за да го избегне соучесништвото со историскиот варваризам и со прикриените (а сега отворени) злосторства на културата. Историчарот мора да биде револуционерен за да не биде случаен соучесник. Соучесништвото е многу поголема опасност и поголема казна дури и од смртта.

„Утрински весник“, 03.08.09.

На насловната фотографија: Бенито Мусолини во младите денови

Триумфекална е портана во

Триумфекална е портана во длабочината, кај Мусолини?

А и приврзаниците на грчкиот

А и приврзаниците на грчкиот фашист исто се во „антички“ амбиент, ко архитектите на пастирот да им ја правеле сценографијата...

Добар избор на фотки...

Добар избор на фотки... Браво, Окно!

Добро што потсетивте и на

Добро што потсетивте и на грчкиот фашизам, во кој денешната „хеленска демократија“ ги има своите корени (поради расизмот кон поинаквите, Македонците, Албанците и други).
Трагично е што македонскиот народ денес се врти кон националистичките идеологии (нацифашизмот) кои му направија најголеми зла во 20 век! Првин Македонецот страдаше од протофашистичкото ВМРО на Ванчо Михајлов, потоа, за Време на втората светска војна, од бугарските фашисти, а по војната Егејците беа сотрени од грчкиот фашизам... Денес, токму страдалниците, Егејците и изгубената дијаспора, се вртат кон македонскиот „антички“ фашизам на пастирот... Мислејќи дека пастирот ќе ги заштити, слепи, не гледаат дека пастирот Македонија ја води во пропаст...

Фашизмот е шанса за варварите

Фашизмот е шанса за варварите и примитивците да ги испразнат своите фрустрации врз нормалните граѓани.

Не знам дали го видовте

Не знам дали го видовте текстот на Окно, денес, лево, за културната политика на унгарскиот премиер Орбан? Сосема иста е со политиката на Златниот-Црниот! Еве цитати:
„Виктор Орбан не ја уредува само државата по сопствените критериуми, туку си зема за право да ги толкува и унгарската историја и естетика. А тоа потсетува на свештеничко – конзервативната националистичка идеологија меѓу двете светски војни.
Во целата земја во моментов никнуваат џиновски споменици во спомен на историските унгарски освојувачи. На влезовите во населбите се поставуваат натписи на староунгарско клинесто писмо.Третокласната, антисемитска литература од времето на Миклош Хорти (1868-1957) се воздигнува како книжевен канон.
На почетокот на годината, Орбан во Националната галерија во Будимпешта отвори изложба на историски слики од 19 век под наслов „ Херои, кралеви и светци“. Во исто време унгарската влада даде налог петнаесетина современи уметници да ги насликаат во масло на платно последните 150 години од унгарската историја. Тие слики, кои кај многумина предизвикаа потсмев, се сместени во една споредна просторија.“

Абе, можеби и има некоја

Абе, можеби и има некоја логика Унгарија да се враќа кон сопствениот фашизам... Видоа доста зло од Русите, од источниот блок, слободата им беше мисловна именка...
Но, Македонците да се фураат да фашизам?! Тоа ептем нема логика! Црни Грујо е изрод пар екселанс! Можеби екстензија на Ванчо Михајлов („автентичен“ мк фашист со бугарско происходство), но, во 2012 да си Македонец и фашист од груевистичка провиниенција е лудило од н-ти степен! Тоа само зборува колку целава земја и граѓаните во неа ги изгубиле сите компаси!

Би било добро да ставите линк

Би било добро да ставите линк до целиот текст на Еко, како и до други релеватни текстови и написи поврзани со содржината на овој.

http://okno.mk/node/1675

Уште неколку текста на

Клеро-фашизмот кој денес и се

Клеро-фашизмот кој денес и се случува на земјава може да се спореди само со оној хрватскиот од времето на Павелиќ.

Од сличноста со Дуче и

Од сличноста со Дуче и портата со денешново лудило ми полазуваат морници... 

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото