Луѓето кои носат откачени чорапи се паметни, успешни и револуционерни

23.02.2016 13:47
Луѓето кои носат откачени чорапи се паметни, успешни и револуционерни

Луѓето кои носат луди, шарени чорапи се независни, интересни и успешни, барем според една статија во списанието Elite Daily. Чорапите што ги носат овие луѓе често имаат интензивни и впечатливи бои како резеда или флуоресцентно зелена, или имаат огромни очи, јастози, летечки прасиња... И, сè додека немаат здодевна и монотона кафеава или сина боја, тие може да откријат многу за оние кој ги носат.

Луѓето кои носат откачени чорапи му кажуваат на светот дека тие одбиваат да се согласат со социјалните текови, смело ги откриваат своите игриви личности и оригиналниот сензибилитет. Тие водат револуција против униформноста и пристојноста.

Она што го носите, зборува многу за вашата личност, и како што стои во еден текст во списанието Quartz, откачените чорапи ви помагаат да дадете една пожива, пооптимистичка, покреативна и фасцинирачка слика за себе, особено при работата.

„Шарените или карактерни чорапи асоцираат на игривост, и знаат да бидат големи мразокршачи, или начин да се поврзете со други луѓе“, се вели во текстот. Постои и друга потенцијална предност на носењето чорапи со откачени дезени и друг вид необична облека: градите бренд на храбра личност или креативен тип на човек, и во некои случаи тоа често може да ви отвори повеќе простор да ги менувате или да ги кршите правилата.“

Во една статија од Њујорк Тајмс станува збор за светликавите чорапи на технолошките претприемачи од Силиконската долина, кои станаа тренд меѓу мажоретките. Во текстот се зборува за тоа дека овие светликави чорапи сигнализираат дека сте дел од толпата, и даваат таен светликав знак дека сте впечатлив лик.


„Сум бил на средби и состаноци на кои луѓето имаат навика да погледнат надолу и да ги забележат моите чорапи, и тоа е тој универзален знак, кој наликува како таен знак на некоја банда, кога членовите се повлекуваат настрана, и ги поткреваат своите панталони за да си ги покажат чорапите“ – вели Хантер Вок, директор на одделот за менаџмент на производство на YouTube.

Постојат голем број објавени студии за откачените чорапи, со различни приказни за тоа што тие кажуваат за нашата личност. Една студија објавена во Journal of Consumer Research ја истражува теоријата во која станува збор за тоа дека луѓето попрво стекнуваат повисок статус и компетентност со неконформистичкото однесување, отколку со конформизам.

„Сметаме дека под одредени услови, неприлагодливото однесување може да има поголеми бенефиции за некого, отколку кога некој само се обидува да се вклопи некаде. Со други зборови, кога една личност работите ги прави интенционално, може да стекне повисок статус и чувство на компетентност“, пишуваат авторите Силвија Белеза, Франческа Џино и Анат Kеинан од Универзитетот Харвард.

Изборот на нашата облека често го диктира не само начинот на кој другите нè гледаат и нè третираат, изборот ја диктира и нашата сопствена перцепција. Според една студија спроведена од страна на социјалниот психолог д-р Адам Галински, она што го носиме може да влијае на начинот на кој размислуваме.

„Ние го воведовме терминот enclothed cognition (ефектот кој облекувањето го има врз когнитивниот процес), за да го опишеме систематското влијание и да покажеме дека облеката влијае врз психолошките процеси на носителот“ – велат истражувачите.

Со други зборови, носењето одредена облека може да го промени начинот на кој размислуваме и дејствуваме, и може да ни даде самодоверба да преземеме одредени задачи кои инаку не би се осмелиле да ги преземеме. Затоа, облекувањето шарени и откачени чорапи може да ни помогне да се чувствуваме похрабри и да ни даде поголема смелост да ризикуваме.

Некој можеби на прв поглед нема да препознае дека сте бунтовници, но вие ќе го знаете тоа и ќе делувате соодветно. Тој мал бунт ќе ве поттикне да размислувате покреативно, и со текот на времето да станувате сè поуспешни, бидејќи доколку носите откачени чорапи, тоа значи дека имате карактеристики на предводник и дека сте успешни во она што го работите.

Извор: www.yourtango.com

 

ОкоБоли главаВицФото