Третиот погреб

08.11.2023 12:19

На твојот погреб
а тоа беше трет
беше и еден дечко
одеше од еден човек до друг
желен за муабет
и иако беше сосем луд
сè што кажуваше за тебе беше точно


Знаев дека и ти си зборувала со него
зашто ги слушнав твоите убави и паметни реченици
од неговата уста


И подраго ми беше
што беше тука дечкото
отколку свештеникот

 

Превод: Љупка Евроска

Милица Шпадијер (1989) е родена два дена по падот на Берлинскиот ѕид; така и живее. Завршила Филолошко средно училиште, основни и магистерски студии на Катедрата за класични науки на Филозофскиот факултет во Белград. Добитничка е на наградата „Млади Дис“ за 2019 година. Ги објавила поетските збирки „Шар-планина“ (потесен избор за наградата „Бранко Миљковиќ“) и „Ново гробље“ (потесен избор за наградите „Мика Антиќ“, „Ѓура Јакшиќ“ и „Јефимијин вез“). Од грчки јазик ги превела романот „Касандра и волкот“ од Маргарита Карапану, стихозбирката „Афродита во сино“ од Петрос Стефанас и избор од поезијата на Томас Калапатис „Ова место“. Член е на Здружението на новинари на Србија.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото